Познато кој број ќе го носи Азар во Реал Мадрид


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Еден Азар по финалето во Лига Европа соопшти дека ќе го напушти Челси, а негов нареден клуб треба да биде Реал Мадрид, со кој се поврзуваше долго време.

Многумина се сигурни дека Азар ќе биде претставен во понеделник, зашто за тоа се шпекулира со месеци. Наводно, Белгиецот се договорил со „кралевите“, па останува уште официјална потврда од клубовите.

Наводно, Азар веќе избрал број, односно нема да може да ја носи „десетката“ поради Лука Модриќ и поради тоа ќе ја наследи „седумката“, која во претходните сезони ја носеше Кристијано Роналдо.

„Кралевите“ најавија голем ремонт на екипата летово, па се очекуваат уште неколку ѕвезди да потпишат со Реал Мадрид.