Ќе падне првиот потпис на „Бернабеу“: Пристигна на прегледи една од желбите на Зидан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан сака да го засили Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок, па во следната сезона планира да ги освои сите трофеи.

Зидан има листа со потенцијални засилувања, а на неа се наоѓа и Ферлан Менди, кој ги напушти подготовките на Франција и пристигна на медицински прегледи во Мадрид.

Младиот 23-годишен лев бек ќе биде замената за Марсело, а со своите настапи досега покажа дека може да се натпреварува на највисоко ниво.

Менди го посакуваа неколку екипи, а се споменуваа Јувентус и Барселона, но на крајот Реал Мадрид имаше најмногу пари и најдобри односи со Лион.

Младиот фудбалер се очекува да биде претставен по натпреварите против Турција и Андора на осми, односно 11 јуни.