Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид ги ангажираше Милитао, Родриго, Лука Јовиќ, па сега се финализира трансферот околу Ферлан Менди, по што ќе тргнат кон Еден Азар.
Сепак, Зинедин Зидан по секоја цена го сака Пол Погба, иако Манчестер јунајтед бара 150 милиони евра.
Претседателот на клубот, Флорентино Перез сака да најде алтернатива за Погба, па разговарал со газдата на Тотенхем, Даниел Леви за Кристијан Ериксен.
Сепак, во моментов Зидан му дава фаворитска улога на Погба, односно Данецот го гледа како крајно решение.
Перез не се согласува на трансферот на Погба, зашто со неговиот потпис трошоците би надминале 500 милиони евра.
Погба има понуда и од Јувентус, но тие немаат 150 милиони евра, но имаат фудбалери како Пауло Дибала, за кои тренерот на Јунајтед е заинтересиран.