„Во наредните часови Реал ќе го претстави најголемото засилување во последните години“ (ВИДЕО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид работи на ангажирање на нови фудбалери. Тие вчера го потврдија трансферот на Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт, а наскоро ќе пристигнат уште неколку ѕвезди на „Сантијаго Бернабеу“.

Со „кралевите“ постојано се поврзуваат Пол Погба, Еден Азар, Кристијан Ериксен, па дури и Нејмар и Килијан Мбапе.

Некои од нив во наредните часови би можеле да го засилат Реал, барем така тврди „Ел Чирингито ТВ“.

„Во наредните неколку часа Реал Мадрид ќе го претстави едно од најголемите засилувања во последните години“, објави телевизијата.