И синот Матео го провоцира Меси: „Дојде и ми рече дека тој сега е од Ливерпул“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонците ја освоија титулата во Ла Лига, но доживеаа тешки порази во полуфиналето од ЛШ против Ливерпул и во финалето од Купот на Кралот кога ги надигра Валенсија.

Меси призна дека таквиот крај на сезоната му падна тешко, но пробува максимално да се фокусира на Копа Америка и настапот во дресот на Аргентина.

Не му е лесно ни дома после поразите од Ливерпул и Валенсија, бидејќи дури и син му Матео го „провоцирал“.

„Со Матео постојано играм фудбал и некогаш сака да провоцира со неверојатни изјави. Пред некој ден си игравме дома и одеднаш ми кажа „Јас сум навивач на Ливерпул кој те победи, доаѓам од Ливерпул“. Тоа го правеше и за Валенсија после поразот во финалето. Неверојатен е, дури ги слави и головите на Реал Мадрид за да го изнервира постариот брарт Тиаго“, рече Меси.

Тој со својата сопруга Антонела има три сина, Тиаго, Матео и Чиро.