Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Словенскиот голман Јан Облак на средината на април потпиша нов договор со Атлетико Мадрид.
Облак со одличните претстави на голот на Атлетико привлече големо внимание од многу великани, како Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но на крај одлучи да остане помеѓу Јорганџиите.
Неоамна Облак потпиша договор до 2023. година според кој годишно ќе заработува околу 10 милиони евра, па со ова стави до знаење дека нема намера да си оди од Мадрид.
„Додека амбициите на Атлетико се исти како моите, немам намера да заминам. Останав затоа што е токму така во моментот. Некои можеби веруваат дека амбициите се исти затоа што некои фудбалери си заминаа, но уверен сум дека клубов прави се што е можно да доведе квалитетни играчи“, изјави Облак и додаде:
„Кога го потпишував договорот, зборувавме за иднината, датите ми се гаранција и тие нема да се променат“, заврши Облак.
Тој е дел од Атлетико од 2014. година откако претходно настапуваше за Бенфика, а со мадридскиот клуб во изминатиот период ја освои Лигата на Европа, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.