Конте со јасна порака до управата: Икарди нема повеќе да игра за Интер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Интер, Антонио Конте нема намера да се спогодува со Мауро Икарди, па не сака Аргентинецот да биде дел од неговата екипа.

Аргентинецот не сака да замине, а неговата жена Ванда Нара вели дека нема намера да си заминат од Милано.

„Никогаш повеќе нема да игра за Интер, додека јас сум тука“, наводно порачал Конте до управата.

Конте нема да го носи ниту на подготовки, па поради тоа Интер мода да ја намали неговата цена, но Јувентус не сака да даде повеќе од 60 милиони евра за неговите услуги.

Идејата на Интер е да го менува поранешниот капитен за Пауло Дибала, но тоа во моментов е невозможна мисија, па останува да видиме што ќе се случи.