Манчестер Сити му понудил на Жоао Феликс неверојатни услови


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од оние фудбалери за чиј потпис ова лето ќе треба да се борат европските гиганти е Жоао Феликс.

Станува збор за 19-годишен фудбалер кој изминатите месеци се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но се чини дека градскиот ривал Манчестер Сити прават сé што можат за да го предомислат.

Според Сан Спорт, Граѓаните му понудиле на овој млад играч петгодишен договор и неделна плата од 100.000 фунти само за да на крајот се согласи да го облече нивниот дрес.

Инаку, се смета дека Бенфика нема да го продаде својот бисер под 105 милиони фунти, цената што Јунајтед и Сити се подготвени да ја платат.

Во изминатата сезона, овој фудбалер одигра вкупно 43 натпревари и постигна 20 гола со 11 регистрирани асистенции.