Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Од таборот на Вест Хем денеска објавија дека постигнале договор за ангажман на Пабло Форналс од редовите на Вилијареал.
Форналс стана второто најскапо засилување во историјата на Вест Хем по Фелипе Андерсон кој минатата сезона се пресели во Лондон.
„Многу сум среќен што сум дел од Вест Хем. Се чувствувам многу добро и сум благодарен што можноста и довербата која луѓето од Вест Хем ми ги дадоа“- истакна Форналс.
Сезонава што измина Форналс беше незаменлива алка во Вилјареал каде одигра 50 натпревари на кои постигна пет гола и запиша шест асистенции.