Се сеќавате ли на Денилсон? Некогаш беше најскап играч на светот, а денес…


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денилсон де Оливериа Араујо се прости од фудбалот во 2010. година, од тогаш ретко кој слушна за него.

Легендарниот Бразилец во 1998. година после одличните игри на Светското првенство во Франција стана најскап фудбалер во светот.

Тогаш одличниот дриблер од Сан Паоло премина во Бетис за 63 милијарди лири, односно 31.5 милиони евра, а пред тоа ниту еден клуб немаше потрошено толку пари на некој фудбалер?

Тогаш потпиша 12-годишен договро со клаузула од 750 милијарди лири, а платата му изнесуваѓе шест милијарди лири и тогаш беше најплатен играч во светот.

Меѓутоа заминувањето во Шпанија му беше тотално промашување, постигна само пет голови во две сезони, а потоа беше позајмен на Фламенго.

Што работи денес Денилсон? Снима реклами за градежни материјали во тек на Копа Америка која се одржува во Бразил.

Според пишувањата на Марка, Денилсон снимил реклама за една од најуспешните јужноамерикански фирми и се наоѓа во одлична форма…