Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
НБА-ѕвездата Бобан Марјановиќ реши да не го следи примерот на неговите колеги и да замине на некоја егзотична дестинација за да се одмори по напорната сезона во Филаделфија.
Србинот заедно со неговата сопруга и пријателите се врати во татковината, кадешто објави фотографија дека вози трактор во селото Мирово.
Марјановиќ останува без договор на крајот на сезоната, па не е познато дали ќе ја продолжи соработката со Филаделфија, кадешто заработува по седум милиони долари годишно или ќе бара нов предизвик во следната сезона.