Рафиња се враќа на теренот по седум месеци пауза


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Рафиња не игра за Барселона од ноември минатата година.

Рафиња доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото на натпреварот против Атлетико Мадрид, заради кој беше надвор од терените седум месеци. Но, денес направи медицински прегледи и доби зелено светло од докторите во Барселона.

Така, овој бразилски играч од средниот ред ќе може да се врати на теренот во вистинско време, односно пред почетокот на подготовките за новата сезона. Сепак, сé уште не е познато дали ќе остане во Барселона или ќе побара среќа во нов клуб.

Пред сериозна повреда тој им кажал на управата на Барса дека сака да го напушти клубот и е подготвен да го направи тоа во јануари оваа година, но тешката повреда сериозно ги наруши неговите планови.

Слични проблеми со повреда на лигаментите на коленото Рафиња имаше уште пред неколку години, кога тој ја пропушти речиси цела сезона.