Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини беше уапсен утринава поради сомнеж дека му помогнал на Катар да ја добие организацијата на Светското првенство (СП) во 2022 година.
Доколку Катар остане без домаќинство на СП, „Дејли Стар“ пишува дека главен фаворит за да ја замени таа држава е Англија.
Англија е еден од фаворитите затоа што тоа е еден од земјите, кои се во состојба за кратко време да го организира натпреварувањето.
Според француските медиуми, Платини е уапсен поради тоа што го фаворизирал Катар за домаќин на СП, а доколку тоа се покаже како вистина, тогаш тие ќе ја загубат организацијата.
Инаку, 63-годишниот Платини беше на функција на УЕФА од 2007 до 2015 година, а од функцијата си замина поради кршење на правилата.