Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Тотенхем се откажале од намерата да го донесат Бруно Фернандеш и покрај тоа што се сретнале со неговите претставници оваа недела.
Агентот на Фернандеш се сретнал со првите луѓе на клубот од Лондон во текот на вчерашниот ден, но двете страни биле на дијаметрално спротивни страни кога се работи за финансиите.
Спортинг Лисабон за него бара 65 милиони фунти, сума која не претставува проблем за Манчестер Јунајтед кој е сериозно заинтересиран да го види фудбалерот во своите редови.
Инаку, агентот на Бруно Фернандеш се сретнал и со челниците на Манчестер Јунајтед кои му посочиле дека најпрво сакаат да го комплетираат трансферот на Ван Бисака. Сега кога трансферот на англискиот репрезентативец е 99% готов, се очекува Бруно Фернандеш да биде следното засилување за „црвените ѓаволи“.