Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Босанскиот репрезентативец Раде Круниќ е првото засилување на Милан, иако ја чекаме официјалната потврда на трансферот, но сосем сигурно дека нема да е последен ова лето.
Росонерите променија многу работи последниот период, тренерот, директори, па ќе има промени и во играчкиот кадар во наредните седмици. Преминувањето на Круниќ од Емполи е завршена работа, но навивачите очекуваат и позвучни имиња.
Италјанските медиуми известија за „успешниот состанок“ на директорите на Милан, Паоло Малдрини и Звонимир Бобан со Реал Мадрид.
Угледниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека нема никакви договори помеѓу Реал и Милан, но дека се разговарало за Себалос и Борја Мајорал, додека Асенсио, Ковачиќ и Иско сепак се прескапи за Росонерите.
Себалос чини околу 50 милиони евра и Милан на некој начин ќе проба да го доведе.
И додека играчите на Реал се потешки за доведување, Милан работи на трансферите на Сенсио од Сасуоло и Веретут од Фиорентина, а во последно време се споменува и купување на Озан Кабак од Штутгарт.
Неговото заминување е веќе потврдено, само се чека конкретна понуда.
Неколку талентирани Хрвати како Дани Олма и Никола Мора се споменуваат во контекс со Милан, а се преговарало и со напаѓачот на Хофенјаим Андреј Крамариќ.
Голема е листата на Милан, а некои се конкретна желба на новиот тренер Џампаоло.