Каталонски „Спорт“: Барселона во вторник претставува ново засилување

Резервниот голман на Барселона, Каспер Силесен порача дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот. Тој сака да се пресели во тим, кадешто ќе биде прв голман и јасно му е дека тоа не е Барселона.

Сепак, тоа за Барселона не е проблем, зашто веќе си најде резервен голман. Каталонски „Спорт“ пишува дека Каталонците и Валенсија се договориле за трансфер на Нето.

Барселона и Валенсија за своите голмани бараа околу 25 милиони евра, па тоа значи дека ќе се случи само трампа меѓу екипите, односно Силесен ќе се пресели на „Месталја“, а Нето на „Камп Ноу“.

Ваквата размена треба да биде потврдена утре, а „Спорт“ пишува дека Нето на „Камп Ноу“ ќе биде претставен дури во вторник.