Манолас го менува Кулибали во Наполи?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Фудбалерот на Рома, Костас Манолас се договори за трансфер во редовите на Наполи каде веројатно треба да го замени Калиду Кулибали.

„Газета дело Спорт“ пишува дека грчкиот фудбалер веќе се договорил со Наполитанците со кои договорил договор до 2024 година вреден 3.5 милиони евра по сезона.

Двата клуба се уште не постигнале финален договор, а се верува дека Рома ја одбила првата понуда од 36 милиони евра.