Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Како што јавува „Спорт“ разговорите помеѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар започнале пред неколку денови.
Јасно е дек Каталонците нема да се согласат да платат 300 милиони евра за Нејмар, сумата која ја бара ПСЖ, но подготвени се да го пуштат Кутињо во Париз и да понудат плус 100 милиони евра.
Иако ПСЖ е заинтересиран во своите редови да го види Кутињо, сепак се верува дека нема да ја прифати оваа понуда.
„Спорт“ пишува дека од Барселона плус би можеле да го вклучат и Умтити со цел да ги убедат челниците на ПСЖ да ја прифатат понудата.