Челси во наредните 48 часа го претставува новиот тренер

Англиските медиуми пишуваат дека Челси во наредните 48 часа ќе го претстави новиот тренер. Станува збор за Френк Лампард, кој веќе со денови се споменува како најголем кандидат и само се очекува официјална потврда.

Челси ќе му плати на Дерби каунти обештетување од четири милиони фунти, а јасно е дека легендата на „сините“ го чека тешка работа.

Пристигнувањето на Лампард во Челси го коментираше и Дидие Дрогба.

„Мислам дека тоа е многу добра опција за клубот. Направи многу добри работи со Дерби. Го однесе клубот во финалето на плејофот за пласман во Премиерлигата и мислам дека тој е многу добра опција за нашиот клуб“, кажа Дрогба.

Да потсетиме, Маурицио Сари претходно го напушти Челси и го презема Јувентус.