Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Колумбискиот фудбалер Хуан Квадрадо сигурно ќе го напушти Јувентус ова лето.
Квадрадо не играше во последната сезона во Јувентус поради проблемот со повредите, а кога се опорави Масимилиано Алегри не сметаше премногу на него.
Речиси е сигурно дека Колумбиецот ќе ја напушти Старата дама ова лето, а тоа најдобро го потврдува фактот што првакот на Италија веќе ја постави цената за него.
Според Калчо Меркато, Јувентус го стави Квадрадо на трансфер листата, а тој бара помеѓу 20 и 25 милиони евра. Продажбата не треба да биде проблем бидејќи Квадрадо веќе е на мета на неколку клубови.
За него покажаа интерес Милан, Интер, Севиља и Валенсија, а наводно најблиску е до одлуката неговата кариера да ја продолжи во Шпанија, во дресот на Севиља.