Тотенхем блиску до ангажман на првото засилување


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Скај Спортс“ дознава дека од таборот на Тотенхем се пред ангажман на првото засилување за следната сезона.

„Петлите“ нема да донесат некоја супер ѕвезда, туку прв трансфер на Покетино ќе биде младиот и талентиран фудбалер на Лидс Јунајтед, Џек Кларк.

Разговорите меѓу двата клубови се движат во позитивна насока, па договорот треба конечно да биде склучен во текот на следните два- три дена.

Се верува дека е договорено обесштетување во висина од околу осум милиони фунти.