Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот освојувач на Вимблдон, Рафаел Надал вели дека не е во ре што само на третиот гренслем-турнир во сезоната постојат други критериуми за одредување на носителите.
Вимблдон има посебна формула, која во предвид ги зема најмногу резултатите на трева во последните две години, а поради тоа Надал сега ќе биде трет носител зад Роџер Федерер и покрај тоа што е пред него на АТП-листата.
Тоа има сериозни последици по Надал, зашто сега тој има шанса во полуфинале, доколку се пласира, да се соочи со Ѓоковиќ или со Федерер, а четврти носител е Кевин Андерсон.
„Мислам дека не е во ред тоа што Вимблдон е единствен турнир, кој има сопствен критериум за одредување на носителите. Но тоа е вообичаено, во таа смисла прават што сакаат. Јас во секој случај морам да играм на високо ниво. Се чувствувам подготвен да одам до крајот на турнирот“, вели Надал.