Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е тајна дека Интер сериозно е заинтересиран во своите редови да го донесе Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед.
Дека има отвореност за реализација на трансферот пред неколку дена потврди и агентот на Лукаку, Федерико Пасторело. Сепак, се уште не е ништо готово затоа што Интер мака мачи да ги исполни условите од Финансискиот фер плеј пред и официјално да го ангажира Лукаку со кого веќе имаат договорено лични услови.
„Нероазурите“ се уште не можат да го продадат Мауро Икарди, а од Манчестер Јунајтед им ја одбија понудата во која беше вклучен и аргентинскиот напаѓач.
Токму затоа, сега од Интер ќе се обидат да испратат понуда од девет милиони фунти со која ќе го добијат Лукаку на двегодишна позајмица, а потоа ќе мора да им исплатат на „ѓаволите“ уште 54 милиони фунти со кои и целосно би го откупиле неговиот договор.
Се верува дека и оваа понуда веднаш ќе биде одбиена од страна на Манчестер Јунајтед кој единствено сака само кеш за својот напаѓач.