Луд пресврт: Лани му бараа 150 милиони евра, а сега во очај нудат ѕвезда на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, важи за најскржавиот газда во светот на фудбалот. Леви е тврд преговарач и не сака да ги продава своите фудбалери.

Меѓутоа, очигледно сега тоа се променило, па решил да им го понуди Кристијан Ериксен на „кралевите“.

Пред точно една година претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го бараше Данецот, но тогаш газдата на Тотенхем бараше 150 милиони евра.

Денес ситуацијата е поинаква. „Марка“ пишува дека Леви му се јавил на генералниот директор на Реал, Хозе Анхел Санчез и му го понудил Данецот за двојно помал износ, односно ја спуштил цената на „само“ 70 милиони евра.