Тотенхем го прекина „постот“: Покетино го доби првото засилување по 18 месеци!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотенхем денеска го донесе првото засилување по пауза од година ипол. Тие го ангажираа Џек Кларк од Лидс јунајтед.

Кларк потпиша четиригодишен договор, но веднаш ќе се врати во Лидс, кадешто ќе остане на позајмица следната сезона.

Станува збор за 18-годишен фудбалер, кој зад себе има солидна сезона во Чемпионшип-лгата. Дебитираше за првиот тим на Лидс на крајот на минатата сезона, а денес може да се пофали дека игра за еден од најголемите клубови во Англија.

Инаку, пред Кларк, Тотенхем последното засилување го купи минатиот јануари, а тоа беше Лукас Мура.