Марко Арнаутовиќ очигледно сака пари, повторно бара заминување од Вест Хем

„Скај Спортс“ пренесува дека Марко Арнаутовиќ доставил барање за трансфер, втор пат во последните шест месеци.

Австрискиот репрезентативец побара да биде продаден и минатата зима, но тогаш не дојде до негово заминување од клубот, па набрзо го продолжи договорот.

Сепак и покрај продолжувањето на соработката, Арнаутовиќ повторно побарал да биде ставен на трансфер листа и да биде пуштен да си замине во Кина. За него постоеше интерес од Шангај минатата зима, а сега според Скај Спортс уште еден кинески тим понудил 22 милиони фунти за него.

Понудата била одбиена од Вест Хем, а тоа многу го налути братот на Марко, Даниел Арнаутовиќ кој истакна дека клубот го смета неговиот брат како стока за на пазар.