Агентот на Лукаку се сретна со луѓето на Интер и испрати јасна порака


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Агентот на Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело денеска имаше средба со челните лица на Интер на кои се преговараше за трансферот на напаѓачот во Милано.

Пасторело во интервју за Скај Италија истакна дека Интер мора да исполни многу услови доколку сака да го види Лукаку на „Џузепе Меаца“.

„Интер сериозно се обидува да го донесе, тие се комплетно насочени кон него. Целите не секогаш се постигнувале, но јасно е дека тој е нивна цел. Во овој момент, ова за Интер е само комплициран сон“ –истакна Пасторело.