Андонова се збогуваше со Барселона: Македонката си најде нов клуб (ВИДЕО)

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова по солидната сезона во дресот на Барселона, со која стигна до финалето во Лигата на шампиони, реши да почне нов предизвик во кариерата и се пресели во Леванте.

Андонова во претходниот период се поврзуваше со трансфер и во Атлетико Мадрид, но сепак на крајот реши да потпише за Леванте, кадешто ќе остане една година, колку што потпиша договор со клубот од Валенсија.