Солскјер најави нови засилувања во Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека во клубот работат на уште неколку засилувања во пресрет на следната сезона.

Досега „ѓаволите“ ги ангажираа Даниел Џејмс од Свонси и Арон Ван Бисака од Кристал Палас, а Солскјер истакна дека многу е веројатно дека ќе има и нови фудбалери во клубот пред да се затвори трансфер периодот.

„Имаме долгорочен и краткорочен проект. Не мислете дека размислуваме само за тоа каков ќе биде тимот по три години, имаме и краткорочни цели. Мислам дека сме прилично добри на маркетот и се уште работиме на еден до два трансфери. Секако, сакаме да го да го подобриме тимот ова лето. Јас сум во контакт со Џоел Глејзер и Ед Вудвард и можам да кажам дека засега се е многу добро. Имам поддршка и веројатно ќе добиеме уште некои нови играчи наскоро“- истакна Солскјер.