Погба го послуша советот на Реал: Што ќе се случи сега со Французинот?

Според најновите информации, Пол Погба се појавил во Англија на денот кога Манчестер јунајтед треба да отпатува на подготовки.

Тие ќе летаат во 17 часот до Австралија, но не е сигурно дали Погба ќе бдие во авионот, односно дали ќе остане во Англија.

Погба добил совет од Реал Мадрид, кои го убедиле дека немаат проблем со чекање и дека може слободно да замине на подоготовки.

Очигледно Јунајтед е блиску да прифати понуда, која ќе биде околу 80 милиони евра, плус Иско.

„Кралевите“ се фаворит за да го добијат потписот на Погба, а досега имаат неверојатен преоден рок, откако ангажираа неколку одлични фудбалери.