Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарот на „Скај Спортс“, Каве Солекол даде експертска анализа околу случајот поврзан со Пол Погба и неговото евентуално заминување од Манчестер Јунајтед.
Според искусниот новинар Манчестер Јунајтед ги има картите во свои раце и може да прави што сака со францускиот фудбалер затоа што тој има уште три години од неговиот договор со клубот.
„Мора да имаме на ум дека Манчестер Јунајтед има контрола на ситуацијата. Погба има три години од неговиот договор на „Олд Трафорд“ и ако Јунајтед не сака да го продаде, не мора да го продава. Може да се однесува како што сака, но тој е под договор со Јунајтед. Манчестер Јунајтед го цени играчот и нема да го продаде под зацртаната цена, 150 милиони фунти. Ако некој клуб не сака да го плати тоа, тој ќе остане играч на Манчестер Јунајтед“ –истакна Солекол.