Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед иако ги комплетираше трансферите на Даниел Џејмс и Арон Ван Бисака, може да се каже дека се уште не го склопил тимот кој ќе го носи товарот следната сезона.
Во минатото се најавуваа бројни промени на „Олд Трафорд“, а сега на 30 дена до крајот на преодниот рок од клубот не си заминал никој, освен играчите на кои им истекоа договорите по крајот на минатата сезона.
Солскјер најавуваше чистка и многу нови играчи, но засега само двајца се пристигнати во базата на клубот.
Сега, медиумите во Англија пренесуваат вест која повторно нема да им се допадне на фановите на клубот. Манчестер Јунајтед притиска за ангажман на 25 годишниот фудбалер на Саутемптон, Марио Лемина.
Поранешниот фудбалер на Јувентус им кажал на челниците на Саутемптон дека сака да си замине, а Манчестер Јунајтед веднаш стапил во контакт со клубот за евентуален негов трансфер.
„Ѓаволите“ за него би требало да платат сума од околу 20 милиони евра. Инаку Лемина не е со остатокот од тимот на Саутемптон на подготовките во Австрија.