Марковски – Го добивме најтешкиот противник, но нема предавање


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Од можните противници, го добивме најтешкиот ривал. Треба добро да се подготвиме за да докажеме дека и Македонија има талентирани фудбалери кои можат да се носат со вакви предизвици“, изјави тренерот на младинската екипа на Вардар.

Младинската екипа на Вардар го доби противникот во ЛШ. Австрискиот Салцбург е пречката пред 1/8 финалето.

За квалитетот на противникот и за шансите на Вардар кажа некој збор тренерот на Вардар, Љупчо Марковски.

„Мислам дека од таа група на можни ривали на нас ни се падна најтешкиот. Салцбург со години е на врвот на фудбалот во Австрија, нивната младинска школа вади добри фудбалери. Имаат многу добар скаутинг и преку него носат играчи не само од Австрија, туку и од африканските, јужноамеричките и балканските земји кои што потоа се афирмираат во првиот тим и стануваат репрезентативци и одлични фудбалери. Во секој случај задачата нема да ни биде нималку лесна“, изјави Марковски.

„Сега мислите ни се насочени само кон дуелот со Салцбург. За следното коло не размислуваме. Секако дека имаме шанси. Нема однапред да се предадеме, туку ќе влеземе да се надигруваме. Ќе собираме инфромации за противникот. Ниту ние не сме за потценување и треба да докажеме дека Македонија има млади играчи кои што можат да одговорат на овој предизвик. Во секој случај за нас ова е едно ново искуство да играме во друштво со најдобрите, и ќе се обидеме на најдобар можен начин да се претставиме и секако посакуваме да минеме понатаму. Тоа што се шампиони на својата земја со толку голема конкуренција, доволно говори за нивниот квалитет. Ќе треба добро да се подготвиме за овој предизвик“, изјави тренерот на младинската екипа после ждрепката во Нион која го одреди австрискиот првак за ривал на „црвено-црните“, заклучи Љупчо Марковски.