Тоби Алдервилд се сели во Серија А


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека од таборот на Рома се заинтересирани во своите редови да го видат Тоби Алдервилд од Тотенхем.

Рома остана без Костас Манолас кој неодамна го комплетираше траснферот во Наполи, па во белгискиот репрезентативец најдоа одлична замена.

Алдервилд има откупна клаузула од „само“ 25 милиони фунти и сака да си замине од редовите на Тотенхем ова лето.

Се споменуваше Манчестер Јунајтед како негова следна дестинација, меѓутоа во последно запреа таквите шпекулации, па сега се верува дека Рома е најблиску до неговиот потпис.