Претседателот на Наполи порача: Мора да продаде фудбалер пред да го купиме Елмас


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис за италијанските медиуми зборуваше за засилувањата во летниот преоден рок.

Де Лаурентис го посакува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, па потврди дека Наполи води преговори со Фенербахче.

„Го почитуваме Елмас, тоа може да го потврдиме, но исто така треба да признаеме дека мора да продадеме неколку фудбалери пред да го купиме, зашто имаме премногу фудбалери“, кажа Де Лаурентис.

Засега нема официјална потврда за трансферот на Елмас, но се шпекулира дека Наполи и Фенербахче се договориле за сума од 18 милиони евра.

Елмас вчера изјави дека не знае ништо за таков трансфер, но дефинитивно нешто се „крчка“ во позадина.