Барселона сака да го продаде најголемото промашување, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона ќе се обиде летово да го продаде Филипе Кутињо, најскапиот фудбалер во историјата на Каталонците, кој со доаѓањето на Ентоан Гризман остана без дресот со број седум.

Кутињо во 18 месеци поминати во Барселона целосно разочара и не ги оправда вложените пари. Каталонците досега платија 135 милиони евра на Ливерпул, а ќе платат уште 20 доколку Кутињо настапи на уште 26 меча за Барселона.

Проблемот на Барселона е тоа што тие немаат ниту една понуда за Бразилецот. Се шпекулираше дека можно е да замине во ПСЖ, но францускиот шампион нема испратено никаква понуда.

Манчестер јунајтед би можел да го донесе и Кутињо, но проблемот е тоа што тој одби да игра за клубот од „Олд Трафорд“, зашто претходно беше идол на навивачите на ривалот на Јунајтед, Ливерпул.