Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Телефут“ пишува дека Арсенал до крајот на преодниот рок ќе го реализира најголемиот трансфер во клупската историја.
„Топчиите“ подготвиле понуда од 80 милиони евра за Николас Пепе, младиот фудбалер, кој ја освои Европа со неговите квалитети.
Овој 24-годишен фудбалер зад себе има одлична сезона во дресот на Лил, кој го однесе во Лигата на шампиони.
Пепе е голема желба и на Баерн Минхен, а доколку потпише за Арсенал, тогаш тој ќе стане најскапо засилување на „топчиите“ во историјата.
Досегашниот рекордер е Пјер-Емерик Обамејанг, кој во јануари 2018 година стигна од Борусија Дортмунд за 65 милиони евра плус бонуси.
Арсенал сака и уште неколку други фудбалери, но засега не се направени конкретни потези.