Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по освојувањето на Вимблдон, го задржа првото место на најновата АТП-листа.
Ѓоковиќ е прв со 12.415 бодови, а тоа е дури 4.470 бодови повеќе од второпласираниот Рафаел Надал и 4.9555 повеќе од Роџер Федерер, кој се наоѓа на трето место.
До седмото место на АТП немаше проблеми, па така зад големата тројка следуваат Доминик Тим, Александер Зверев, Стефанос Циципас и Кеи Нишикори.
Рускиот тенисер Карен Хачанов и Италијанецот Фабио Фоњини напредуваа по една позиција, па сега се осми, односно деветти, додека Русинот Данил Медведев се искачи на десеттата позиција, откако напредуваше дури три позиции.