Тој е неверојатен: Погледнете во што се појави Мино Раиола на потписот на Де Лигт во Торино

Мино Раиола заврши уште еден голем трансфер.

Познатиот агент го донесе Матијас де Лигт од Ајакс во Јувентус, а од трансферот вреден 75 милиони евра, сигурно и неговиот дел од колачот ќе биде добар.

Сепак, Раиола не се однесува како човек кој е еден од најдобрите агенти на светот и човек кој има милиони на сметки во разни светски валути.

Така, денес во Торино, каде што неговиот клиент ги вршеше медицинските прегледи, тој дојде во релаксирана верзија и без никаква елеганција.

Очигледно, неговиот опуштен стајлинг и начин на живот има големо влијание врз клиентите кои имаат целосна доверба во него.