Рома и Јуве договорија трансфер, но проблем претставува Игуаин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека од Рома се договориле со Јувентус за трансферот на Гонзало Игуаин, но напаѓачот сè уште не се согласил да оди во Рим.

Речиси цело лето се води битка меѓу Јувентус, Интер и Рома поради трансферот на Един Џеко и Гонзало Игуаин, но се чини дека наскоро ќе може да се види расплетот на ситуацијата.

Италијанските медиуми објавија дека Јувентус се согласил со условите што ги понудиле од Рома. Волчицата, наводно ќе исплати 6 милиони евра за позајмицата на Игуаин, а наредното лето ќе има можност да го откупи договорот за дополнителни 27 милиони евра.

Сепак, проблемот во целата приказна е самиот фудбалер кој наводно има голема желба да остане во Торино. По заемот минатата сезона во Милан и Челзи, Игуаин се врати во Јуве ова лето и сака да го продолжи договорот до 2023 година. Со новиот договор, наводно, ќе му се намали платата на 4,5 милиони евра, на што аргентинецот се согласил да остане.

Да се потсетиме, од неговата судбина зависи во голема мера и судбината на Един Џеко, бидејќи од Рома го гледаат Игуаин како замена за Дијамантот и поради таа причина сè уште не сакаат да му дозволат на Џеко да премине во Интер кој многу го посакаува.

Сепак, со оглед на тоа што веќе се започнати подготовките и се приближува почетокот на сезоната, се чини дека секој актер на овој триаголник ќе мора да попушти.