Џејмс Родригез стигна и го одработи првиот тренинг пред стартот на новата сезона


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Чекајќи ја конечната одлука за својата иднина одличниот Колумбиец се продружи на играчите на Реал Мадрид и го имаше првиот тренинг пред новата сезона.

Од последниот негов тренинг во опремата на Реал поминаа дури 787 денови. Беше тоа ден во очи на финалето од ЛШ во 2017. година кога Зидан дефинитивно одлучи.

После тоа одличниот играч беше пратен во Баерн на 2 годишна позајмица. Баварците одлучија да не го откупат неговиот договор и сега се очекува дефинитивната одлука.

За Родригез најмногу се заинтересирани Атлетико Мадрид и Наполи, а последните денови се шпекулира и за можно останување во Кралскиот клуб.

Инаку овој 28 годишник со Реал има договор до летото 2021. година, а за неговиот играчки картон Реал бара најмалку 40 милиони евра.