Интер подготви жестоки санкции: „Нераѕурите“ сакаат да му ја уништат кариерата на Икарди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мауро Икарди е подготвен да го тужи Интер, а сега неговиот клуб е подготвен да му врати и тоа жестоко поради таквиот план.

На почетокот на минатиот месец, директорот на Интер, Џузепе Марота порача дека Икарди не е во плановите на клубот од Милано.

Иако постојат неколку клубови го сакаат да го купат Икарди, сепак италијанските медиуми пишуваат дека Аргентинецот сака да остане воМилано, а причина за тоа е тоа што неговата сопруга Ванда Нара, наводно, е бремена.

Икарди, кој има договор до 2021 година, сака да остане во Интер, а клубот со сила сака да го продаде, па сега доколку Аргентинецот ги тужи, „нераѕурите“ се подготвени да го остават на трибините и тоа во рок од две години.

Сепак, останува да видиме дали ќе се остварат предвидувањата на „Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“.