Жестока тепачка во Англија: Хулигани на Сити и Ливерпул се степаа во воз (ВИДЕО)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер сити ги нападнаа навивачите на Ливерпул по натпреварот, по што брутално се пресметаа и разменуваа боксови и клоци.

Жестоката пресметка траеше долго, а се случи во лондонското метро по мечот, кој го добија „граѓаните“ на пенали.

Англија е позната по хулиганите, па таму никогаш нема да престанат ваквите напади, иако со остри закони успеаа да смират многумина.

Сепак, се случуваат вакви работи од време на време, а овој беше еден од најжестоките во последните години.

Навивачите на Сити влегоа во еден вагон и сакаа да се пресметаат со група фанови на Ливерпул.