„Десетмина терористи уништија се што работевме“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска го осуди дивеењето на нивните навивачи во натпреварот против Чешка на ЕП и додаде дека прекинот во завршницата на дуелот ја поремети неговата екипа.

Вчерашниот натпревар од второто коло од групата Д на ЕП меѓу Хрватска и Чешка, кој заврши со резултат 2:2, беше прекинат на околу пет минути во завршницата на дулот поради бакли и фрлање на пиротехнички средства на хрватските навивачи на терен.

„Ова не се хрватски навивачи туку терористи. Тоа што мене ме боли е што државата нема да се избори со тоа. Тоа е терористички чин на десетмина, ги нема повеќе. Се надевам дека ќе бидат идентификувани и дека ќе ќе завршат каде им е местото. Тие не заслужија да бидат на трибините, уништија се што направивме“, рече Чачиќ после натпреварот.

Европската фудбалска унија (УЕФА) најави дека ќе поткрене дисциплинска постапка, а во Фудбалскиот сојуз на Хрватска дури се плашат и од исклучување  од шампионатот.

„Најдобро да зборувам за фудбалот. Честитам на играчите на добрата игра, на заслуженото водство. Малку не поремети повредата на Лука Модриќ и тогаш се случи тој прекин. Сигурен сум дека одговорните за тоа се насмевнуваат во фотелјите. Тоа е нешто што не користи на нашата земја, нашите луѓе и играчи кои со гордост го носат дресот“, рече Чачиќ.