Тухел го презема кормилото на Англија: Горд сум!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека нов селектор на репрезентацијата ќе биде Германецот Томас Тухел.

Тухел го наследи кормилото од привремениот тренер Ли Карсли, кој пак седна на тренерското столче по повлекувањето на Герет Саутгејт.

Германецот ќе почне со работа на 1 јануари 2025 година, а неговиот договор ќе трае до крајот на Мундијалот во 2026 година.

Тухел ќе добива идентична плата како Саутгејт, односно пет милиони фунти годишно.

„Горд сум што ќе ја водам Англија. Ова е голема чест да се работи со група која е талентирана и има голем потенцијал“, кажа Тухел.