Најлошата репрезентација во светот е на два меча од пласман на СП 2026


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Сан Марино, која важи за најлоша репрезентација во светот, по победата од 3-1 против Лихтенштајн се наоѓа пред историски успех.

Репрезентативците на Сан Марино најпрво обезбедија пласман од Лигата Д во Лигата Ц, а сега имаат можност да испишат историја.

„Football Meets Data“, платформа специјализирана за фудбалска статистика, открива што изгледа неверојатно.

„Сан Марино би можел да биде на само два натпревари од квалификациите за Светското првенство во 2026 година!“, објави платформата.