Јувентус залудно се жалеше – титулата од 2006 останува кај Интер!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Јувентус минатата година на крајот на јули испрати нова жалба поврзана за шампионската титула од 2005/06.

Клубот од Торино таа сезона заврши на прво место и стигна до трофејот со 91 бод, но потоа бодовите им беа поништени поради Калчополи и „бјанконерите“ беа исфрлени во понизок ранг.

Интер тогаш заврши на второ место со 76 бода, па потоа беше прогласен за шампион, а Јувентус долго време се обидуваше со жалба на разни судови да го добие назад својот трофеј.

Сепак, секоја жалба на „Старата дама“ беше одбиена, а последната клубот ја испрати на 31 јули до Федералниот суд за жалби, но и таму беше одбиена нивната жалба.