Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На европската кариера на легендарниот Дани Алвес и дојде крајот.
Искусниот 36 годишен десен бек после 17 години се врати во Бразил и потпиша договор со Сао Паоло.
После лудилото на дочекот каде што едвај успеа да помине покрај големата толопа на луѓе, вистински спектакл му беше приреден на легендарниот „Мурумби“ стадион.
Повеќе од 40.000 навивачи на бразилскиот гигант дојдоа да го поздрават Алвес кој со Сао Паоло потпиша договор со 2022 година.
Алвес порача дека не е дојден во Сао Паоло за тука да ја заврши кариерата.
„Дојдов да ја одработам својата работа. Не дојдов да ја завршам кариерата. Се уште имам цели кои сакам да ги остварам“, изјави Алвес.
Dani Alves Is Gonna Retire After 2022 If He Wins The World Cup.
Just Enjoy This Spectacular Guy While You Can Because As You Know Times Flies.. https://t.co/T0Vgubccqy— Razan ⎊. (@RazanDahmash) August 7, 2019
Dani Alves, Sao Paulo’da pic.twitter.com/av0BrvtQOV
— Sporkolik (@sporkolikorg) August 7, 2019