Ѕвезда на Дортмунд одбила да игра за Германија на ЕП


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Германската фудбалска репрезентација летово ќе игра на Европското првенство (ЕП) во група каде што е и Македонија.

Меѓутоа, Германците останаа без услуги на искусен фудбалер, откако ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс му кажал на селекторот Јоаким Лев дека нема да игра на турнирот зашто бил изморен.

„По една комплицирана и испешна сезона, јас и мојот тренер решивме да не играм на ЕП. Одлуката беше многу тешка за мене, зашто со гордост играм за Германија, но морам да ја искористам паузата за да се одморам“, кажа Ројс.

Ројс за репрезентацијата на Германија одигра 44 меча и постигна 13 голови, а првпат за селекцијата настапи во 2011 година.