Шампионите на Европа и Јужна Америка ќе играат во чест на – Марадона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во моментов се шпекулира за меч меѓу репрезентацијата на Италија и Аргентина во Неапол, и тоа во често на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона.

Светските медиуми објавија дека се водат преговори меѓу европскиот шампион и првакот на Јужна Америка и наскоро ќе биде договорен термин во кој ќе се соочат двете репрезентации.

Последен пат кога Италија и Аргентина играа во Неапол, тоа беше на Светското првенство (СП) во 1990 година, а тогаш капитен на „гаучосите“ беше Марадона и ги предводеше до триумф.

Овој меч би бил резултат на блиските врски меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, кои ова лето разменуваа и судии во текот на Европското првенство и Копа Америка.